Јавни прептријатија

ЈПКД КОМУНАЛЕЦ – Струмица
ПОРАКА ОД МЕНАЏЕРОТ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Реализацијата на многубројните проекти, решавањето на тековните проблеми, како и имплементацијата на МЕАП Програмата се дел од активностите на кои ставаме посебен аццент.
Нашата основна мисија е непрекинато снабдување на нашите корисници со вода за пиење, евакуација на атмосферски води од урбаните површини, отстранување и пречистување на отпадните води, одржување на градската инфраструктура, заштита и разубавување на животната средина.

Меѓутоа како резултат на имплементацијата на предвидените проекти за наредниот период, имаме зацртано да го подигнеме нивото на услугите спрема нашите корисници на едно повисоко ниво и тоа преку добивање на стабилна водоводна и канализациона инфраструктура и унапредување на животната средина преку запазување на сите меѓународни еколошки стандарди и прописи.Сето тоа треба да биде пропратено со финансиско и оперативно зајакнување на претпријатието, зашто само така можеме да ги реализираме поставените задачи и цели.

Директор:
Дпл.земj.инж. Зоран Горгиев

ПРЕЧЕСТИТЕЛНА СТАНИЦА (ИДЕН ПРОЕКТ)

Проект кој е планиран да се реализира преку МЕАП Програмата и истата е донација од Грчката Влада . (од 5.000.000 Евра)

Сировата вода се пречистува во постоечката Филтер станица со капацитет од 240 л/с.После прочистувањето, водата доаѓа до резервоар лоциран во составот на Филтер станицата со запремнина од 1250м3 и височина од 5,0м. Максималната кота на водата во резервоарот е 285 мнв, а дното на резервоарот е на кота 280 мнв.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА

Со реализацијата на МЕАП Програмата односно активностите за проширување на водоводната дистрибутивна мрежа се планира вклучување на 4 населени места Добрејци, Дабиле, Градско Балдовци и Просениково во главната водоводна мрежа.На тој начин истите овие населен места ќе се поврзат со Урбаната средина односно градот.Покрај тоа ќе им се овозможи на истите да добијат квалитетна и здрава вода за пиење.
Почнувајки од 2004 г. преку МЕАП програмата реконструирани се одредени делници од градот и изведен е доводен цевковод до с.Добрејци.Исто така, во рамките на планот за проширување на високата зона изграден е резервоарот ,,Чамлк”, со зафатнина од 400м3. Средствата за овој објект се донација од Владата на Р.Македонија.

Проширување на водоводната дистрибутивна мрежа односно приклучување на населените места кон урбаната мрежа (Реализација преку МЕАП Програмата)

ЗЕЛЕНИЛО,ПАРКОВИ, ЈАВНО ГРАДСКО И ВОНГРАДСКО ЗЕЛЕНИЛО И РЕКРЕАТИВНИ ПОВРШИНИ
Во рамките на ЈПКД “Комуналец” делува Р.Е. Зеленило чија основна задача е одржување на јавното градско и вонградско зеленило.Дел од јавните површини се одржуваат интензивно и тука подлежат следните зелени површини:
Парковски зелени површини (Парк пред Собрание 3250 м2, Градски парк 1-22575 м2, Градски парк 2-11593 м2, Градски Парк 3- 50000 м2 и Бежански парк 860 м2)
Зелени површини на булеварот-3360 м2
Зелени површини по урбанистички план на градот-1280 м2
Дејноста одржување е потпомогната и со дејноста производство на цветен расаднички материјал.

ЧИСТОЌА, СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАДОЦИ
Преку овој сектор целта е да се задоволат потребите на граѓаните и работните луѓе во поглед на комуналната хигиена.
Тука спаѓаат: собирање, транспортирање и депонирање на отпад од индивидуалните станбени површини, користените површини на правните лица, занаетчиските и трговските дуќани, негово изнесување и сместување во деонија како и чистење на јавните прометни површини (улици,плоштади и др.)
Физичкиот обем на услугите за оваа единица е дефиниран преку регистрираните индивидуални станбени објекти и занаетчиско-трговски дуќани како и преку регистрирани површини под покрив и дворни места на правните лица.
Моментално се врши депонирање на цврст отпад од 8 400 домаќинства, 810 занаетчиско-трговски дуќани од правните лица под кров 225 000 м2 и дворни места 190 000 м2.
Динамиката на собирање едвапати неделно од индивидуалните корисници од периферните реони и шест пати од централното градско подрачје, каде што има поголем проток на луѓе и возила.

ИДНИ АКТИВНОСТИ:
Со средства добиени од донации планирано е да се вклучат и неколку населени места со цел да се заштити животната средина односно да се овозможи здрава и чиста околина.

Идејата за изведба на Пречистителната станица за отпадни води во Струмица има подолга историја. За таа цел во 1993 г. беше изготвен Главен Проект за Пречисителна Станица од страна на ,,Инжинеринг Оломоук” од Р.Полска.
Со физибилити студијата за МЕАП проектот од 2000г. предложен е подобрен проект, базиран на очекуваната ситуација во 2010 година, што се однесува на загадувачко оптоварување од 72.000 жители.
Двата проекти предложени со физибилити студијата се сметаат како најприфатливи. И во двата случаи отпадните води се прочистуваат со систем на ниско оптоварена активна мил(оксидационен канал) после пред-прочистувањето (филтрирање и отстранување на песок).Вишокот на милта се згуснува со гравитационен згуснувач и се суши на корита за сушење на