Традиционално и оваа година во чест на најголемиот општински празник ќе биде доделена Годишна награда и Награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”. Наградата се доделува како признание на правни и физички лица од општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на општина Струмица во Македонија и пошироко. Конкурсот е објавен денеска и ќе трае заклучно со 23 ноември, а повеќе информации за него може да се добијат на општинската веб страница.
Во прилог линк од документот формулар ЛИНК
Во прилог линк од документот Конкурс за годишна награда ЛИНК