Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување триесет и петтата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 22.01.2016 година (петок).
Триесет и петтата на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот :
Д н е в е н р е д
-
Предлог – План за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2016/2017 година;
-
Предлог – Одлука за долгорочно задолжување на Општина Струмица;
-
Предлог-Одлука за одстапување на моторно возило (трактор) на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
-
Извештај за работата Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2015 година; и
-
Предлог-Решение за именување претставник на Општина Струмица во Управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов