Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување дваесет и третата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.01. 2015 година (вторник).
Дваесет и третата на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Струмица во 2015 година;
- Предлог – Статутарна oдлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за отстапување товарно возило на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
- Пredlog – Оdluka за прифаќање на проект за изградба на пешачка патека (trotoari) на магистрален пат А4 во с. Дабилe;
- Предлог – Одлука за определување проценувачи на пазарната вредност на недвижниот имот како даночна основа при утврдувањето на даноците на имот на подрачјето на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на имиња на улици на подрачјето на град Струмица
- Предлог – План за за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2015/2016 година;
- Извештај за реализацијата и меѓународните активности на Струмичкиот карневал – 2014;
- Предлог – Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал во 2015 година;
10. Извештај за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2014 година;
11. Предлог-Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња на подрачјето на Општина Струмица;
12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2774/1 КО Банско;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7902 КО Струмица;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 2142/1 и 2142/2 КО Струмица;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 1064 КО Сачево;
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 6342/1 КО Струмица;
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица; и
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат и за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 4659 КО Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов