Канцелариите на месните заедници во населените места Муртино и Сачево и денеска беа отворени, а вработените во администрацијата на општина Струмица ги примаа барањата на граѓаните за проценка на штетите од поплавите.
Во текот на вчерашниот ден и денеска од четирите најпогодени населени места од поплавите, Просениково, Сачево, Муртино и Дабиле доставени се околу 250 барања за проценка на штетите.Граѓаните кои не можат да поднесат барања во канцелариите на месните заедници тоа ќе можат да го направат од понеделник во општина Струмица, а со себе треба да понесат лична карта, број на трансакциска сметка и копија од имотен лист.