Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување десетата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам десетата седница на Советот на општина Струмица за ден 26.12. 2013 година (четврток).
Десетата на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записнииците од почетокот на осмата, продолжението на осмата и деветата седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
1. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2014 година;
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2014 година;
3. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2014 година;
4. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2014 година;
5. Предлог – Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2014 година;
6. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2014година;
7. Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2014 година;
8. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2014 година;
9. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2014 година;
10. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2014 година;
11. Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2014 година;
12. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2014 година;
13. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2014 година;
14. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2014 година во Општина Струмица;
15. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2014 година;
16. Предлог-Акциски план за вработување на лица со посебни потреби;
17. Извештај за работата на Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата по Заклучокот за задолжување од Советот на општина Струмица за состојбите во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица со предлог мерки;
18. Предлог-Заклучок за прифаќање на електрични столбови за јавно осветлување;
19. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2014 година;
20. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2014 година;
21. Програма за работа на Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица за 2014 година;
22. Програма за работа на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица за 2014 година;
23. Програма за работа на Јавното претпријатие за енергетски дејности “Струмица-гас“ Струмица за 2014 година;
24. Извештај за работата на Ј.П.„Паркиралишта Струмица“ – Струмица за период од 01.01. до 30.09.2013 година;
25. Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2014 година;
26. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот јануари – септември 2013 година;
27. Програма за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2014 година;
28. Извештај за реализација на Струмичкиот карневал -2013 година;
29. Предлог-Решение за разрешување и избор на членови во Организациониот одбор на Струмичкиот карневал;
30. Предлог – Решение за именување на претставници од родителите на децата воУправниот одбор на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Детска Радост“ Струмица;
31. Предлог – Решение за избор на претставник на вработените во Управниот одбор на Јавната општинска установа за деца -Детска градинка „Детска Радост“ Струмица.
Напомена: Материјалите по точка 6 Програма за урбанистички планови и точките 26 и 27 односно Извештајот и Програмата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, ќе Ви бидат дополнително доставени.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски