Решение за свикување вонредна седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 40  Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) член 22 и 23 од Статутот на општина Струмица – пречистен текст  (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 6/06)и член 61  од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување вонредна седница  на
Советот на општина Струмица

Свикувам вонредна седница на Советот на општина Струмица за ден  24.04. 2013 година (среда).
Вонредната  седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата го предлагам следниот :

Д н е в е н   р е д

1. Предлог – Извештај од процена на штета од природна –  непогода –  поплава   на подрачјето на Општина Струмица од 25, 26 и  27 февруари   2013 година

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски