Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Решение за свикување на четвртата седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден 05.06. 2013 год. (среда).
Четвртата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 14,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Д н е в е н р е д
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Струмица за 2013 година;
-
Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2013 година;
-
Предлог – Програма измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2013 година;
-
Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2013 година;
-
Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2013 година;
-
Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2013 година;
-
Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита во 2013 година;
-
Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2013 година;
-
Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Струмица;
-
Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за една парцела – дел од блок 21 (Блок 12 по ГУП) за КП бр. 2385, 2386/3 и 6320/3 КО Струмица – општина Струмица, плански период 2012 – 2017;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7895/2 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 6809 КО Вељуса;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 3282 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 2788/2, 2788/3 и 6336/2 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 1288/1 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 1288/1 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 4874/1 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5852/3 и 5852/5 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 1820/1 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 3092/1 КО Банско;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 5574 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4983/2 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 1321 КО Градско Балдовци;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 4007 КО Муртино;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 7953/2 КО Струмица;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 3070 КО Куклиш;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 6374/1 КО Вељуса;
-
Предлог- Заклучок за прифаќање Иницијатива за поведување на постапка за непотполна експропријација за изградба на нисконапонски електричен приклучок на ГП бр. 36-17 во Струмица;
-
Предлог- Заклучок за прифаќање Иницијатива за поведување на постапка за непотполна експропријација за изградба на нисконапонски електричен приклучок за објект во сопственост на „Алма Комерц“ – Струмица;
-
Предлог- Заклучок за прифаќање Иницијатива за поведување на постапка за непотполна експропријација за изградба на подземен НН кабелски вод за приклучок на станбено-деловна зграда во Струмица;
-
Предлог- Заклучок за прифаќање Иницијатива за поведување на постапка за непотполна експропријација за изградба на подземен НН кабелски вод за приклучок на колективна станбено-деловна зграда во Струмица
Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски