По честитките со своето семејство, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со соработниците, првите часови од Новата 2018 година ги помина во посета на дежурните служби во градот информирајќи се за нивната работа во новогодишната ноќ. Подарувајќи им пригодни подароци од името на општина Струмица, мирна работна ноќ и многу здравје, успех, благосостојба, лична и семејна среќа им посака на дежурните во Секторот за внатрешни работи, Фабриката за вода, Брзата помош и територијалната противпожарна единица на Струмица.