За многу години празнувањето

Бадник – предвесникот на Рождеството Христово и Божик како еден од двата најголеми празника во христијанскиот свет, нека бидат и понатаму нешта во кои ќе го пронајдеме смисолот на нашата вера и постоење. Во овие празнувања се наоѓа суштината на семејните вредности. Тука се и љубовта, добрината и милосрдието. Има ли поубав повод од овој, повторно да си посакаме, тие нешта да бидат дел од нас за вечни времиња.