Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод верскиот празник Божик – Рождество Христово

Драги мои сограѓани – почитувани Христијани,

Една народна поговорка вели: „Кај и да си, за Бадник и Божик дома да си“. Се надевам дека ова мое претпразнично обраќање до Вас, ќе ве затекне дома во кругот на вашите семејства, меѓу ближните и саканите, во убаво расположение, какво што доликува на празникот кој со радост го очекуваме.

K.Janevski

Постојат денови кои ни ја топлат душата и не потсетуваат на нашите христијански корени, корени кои ни дават до знаење дека сме Божји чеда. Бадник – предвесникот на Рождеството Христово и Божик како еден од двата најголеми празника во христијанскиот свет, нека бидат и понатаму нешта во кои ќе го пронајдеме смисолот на нашата вера и постоење. Во овие празнувања се наоѓа суштината на семејните вредности. Тука се и љубовта, добрината и милосрдието. Има ли поубав повод од овој, повторно да си посакаме, тие нешта да бидат дел од нас за вечни времиња. Драги сограѓани, возљубени во Христа, бидете живи, здрави, среќни и весели. Божјата промисла нека ви дарува хармонија во вашите домови и топлина околу семејната празнична трпеза.Нека е благословено Христовото раѓање, нека Ви е за многу години празнувањето.