Се чистат каналите во Дабиле

Во полн ек е чистењето на каналите во населените места во општина Струмица. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работеше на каналите во населеното место Дабиле заедно со АД Водостопанство на Република Македонија, подружница „Струмичко поле“. Освен што се чистеа, на одредени места на каналската мрежа се поставуваа и цевки за полесно истекување на водата.