Градоначалникот Jаневски ја отвори изложбата „Карневалски слики 2017“

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, синоќа, во центарот за култура „Антон Панов“ ја отвори изложбата на карневалска фотографија „Карневалски слики 2017“. Изложбата по девети пат ја организираше Здружението на граѓани „Евро-визија“ во рамките на карневалските празнувања во Струмица.