Карневалската атмосфера веќе се чувствува во Струмица. Се нижат настан по настан од богатата карневалска програма. Синоќа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ се одржа традиционалниот „Концерт под маски“ на музичкото училиште „Боро Џони“. Во прекрасната концертна содржина, со граѓаните на Струмица уживаше и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.