Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, учествува на дводневен симпозиум за градоначалници кој што се одржува во Виена, Австрија. Темата на симпозиумот е одржлив, инклузивен урбан развој во Југоисточна Европа – градови за луѓето, а целта е јакнење на капацитетите на единиците на локалната самоуправа во Југоисточна Европа. Покрај Јаневски, на симпозиумот во Виена учествуваат и градоначалниците на општините Велес, Кочани, Крива Паланка и Илинден.