Со објавувањето на вториот повик за доделување на подгрантови за поддршка и развој на туризмот, се одржа инфо сесија за Проектот за локална и регионална конкурентност, кој се финансира со грант од Европската унија (ИПА 2). Целта на инфо сесијата беше потенцијалните апликанти подетално да се запознаат со целите на повикот како и со самиот процес на аплицирање. Според Антонија Шишак, директор на проектот, на повикот можат да аплицираат општини, јавни институции, микро и мали претпријатија, граѓански здруженија, туристички организации и едукативни центри.
-На нашиот повик можат да аплицираат општини, јавни институции, центри за регионален развој и можат да аплицираат за грантови во висина до еден милион евра доколку настапат самостојно, или до три милиони евра доколку настапат здружено две или повеќе општини или јавни институции. Истоа така, преку нашиот проект можат да земат учество со свои апликации граѓански здруженија, туристички организации, едукативни центри за нив предвидените грантови се во висина до 50 илјади евра за самостојно аплицирање, или до 150 илјади евра за партнерско настапување на две или здруженија. Даваме голема поддршка и на приватниот сектор, на микро и малите претпријатија за кои што се предвидени грантови во висина од 100 илјади евра за самостојно аплицирање или во партнерство до 300 илјади евра. Проектите кои што ќе ги поддржиме треба да придонесат за развојот на туризмот во нашата држава, или поконкретно секој за својата дестинација. Очекуваме од општините и јавните установи повеќе да се фокусираат на инфраструктурни инвестиции кои што ќе ја подобрат патната инфраструктура до одредени туристички локации или реконструкција на туристички објекти, а исто така тука да се вклучи и приватниот сектор во развојот на туризмот, во подобрувањето на сместувачките капацитети, во подобрување на понудата, обука за која најмногу можат да придонесат граѓанските здруженија и едукативните центри. Индикативниот износ предвиден за вториот повик е 14,3 милиони евра, средствата се донирани од страна на Европската унија преку инструментот за претпристапна помош ИПА 2 и владина контрибуција од 3,2 милиони евра. Износот кој што ќе биде поделен со првиот повик е два милиони евра, меѓутоа, да напоменам дека вкупните средства не се наменети само за грантовата шема, имаме и дел кој што е наменет за подобрување на капацитетите на Владата и и јавните институции кои што работат во секторот на туризмот, рече Шишак.