Во салата на Советот во домот на АРМ, денеска, се одржа Инфо ден за објавување на Јавен повик за граѓанските организации за поднесување предлог проекти во рамките на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан“. Проектот се реализира во партнерска соработка помеѓу општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, а неговата цел е јакнење на партнерството меѓу локалната власт и граѓанските организации и проширување на нивните капацитети.