Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со пролетното обележување на хоризонталната сигнализација во градот. Обележувањето почна на пешачките премини на крстосницата кај градинката до основното училиште „Никола Вапцаров“, а ќе продолжи пред сите клонови на градинката „Детска радост“, основните и средните училишта и во централното градско подрачје.