Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација

Врз основа на член 39 од Статутот на општина Струмица – пречистен текст  („Службен гласник на општина Струмица“ број 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15) Градоначалникот на општина Струмица , објавува:

СООПШТЕНИЕ

Се организира ВТОРА јавна анкета и јавна презентација на ДУП за дел од блок 30 урбана единица 7 во Струмица, општина Струмица 2016-2021 со површина од 0,75ха. и граничен опфат:
– осовина на ул.„Маршал Тито“
– осовина на ул. „Страшо Пинџур“
– крак на ул. „ Страшо Пинџур“  и
– крак на бул. „Ленинова“ и
– бул. „Ленинова“
Одлуките за организирање на јавна анкета и јавна презентација се објавени на огласната табла на општина Струмица, Сектор за урбанизам и комунални работи, ВЕБ страната на Општина Струмица, Службен гласник на општина Струмица и средствата за јавно информирање.
Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Одлуките за организирање на јавна анкета.Заинтересираните граѓани и правни лица, своите забелешки на посебни анкетни листови, ќе можат да ги достават во просториите на Секторот за урбанизам и комунални работи ул.„Ленинова“.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Дом на АРМ на ден 24.04.2018 година во 12,00 часот.
Број.09 – 2444/5
02.04.2018 год
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Коста Јаневски