Советот на општина Струмица ја одржа деветтата седница Советот на општина Струмица ја одржа деветтата седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа деветтата седница на која што беа усвоени повеќе предлог – одлуки, извештаи и планови. Советниците ги усвоија буџетскиот календар за подготовка и донесување на буџетот на општина Струмица за 2019 година, предлог – одлуките за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточен плански регион, за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на општина Струмица за дооформување на градежна парцела, за отуѓување на патничко моторно возило и за измена и дополнување на Одлуката  за  определување проценувачи на пазарната вредност на недвижниот имот како даночна основа при утврдувањето на даноците на имот на подрачјето на општина Струмица.