Решение за свикување на десеттата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица Бр.08-3345/1  26.04.2018 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Решение за свикување на десеттата седница на Советот на Општина Струмица

Ја свикувам десеттата  седница на Советот на општина Струмица за ден 03.05.2018 година (четврток). Десеттата седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата предлагам:

I
Усвојување на записник од деветата седница на Советот на општина Струмица 

II
Д н е в е н   р е д 

1. Предлог – Одлука за пристапување кон измена и дополнување на Статутот на општина Струмица; 

2. Нацрт – Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;

3. Предлог – Одлука за изработка и спроведување на проект  „Зачувување на духовните светилишта – одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил”;

4. Предлог – Одлука за изработка и спроведување на проект „Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот” ;

5. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест  за утврдување на правен статус на бесправен  јавен објект  на ОО на „Црвен крст“ Струмица;

6. Предлог –  Одлука за доделување на финансиски средства на  Фестивал пролетни  веселби – с. Чалакли , Валандово;

7. Предлог –  Одлука за именување на општинско фудбалско игралиште;

8. Предлог  –  Одлука за измена на Одлуката за давање согласност за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Општина Струмица за дооформување на градежна парцела;

9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 6391/18,  КО Струмица;

10. Предлог – Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Никола Вапцаров” Струмица;

11. Предлог- Решение за  разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Сандо Масев” Струмица;

12. Предлог- Решение за  разрешување и именување претставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Маршал Тито” Струмица;

13. Предлог – Решение за  разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Видое Подгорец” Струмица;

14. Предлог – Решение за  разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “ Герас Цунев” с. Просениково;

15.  Предлог – Решение за  разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “ Св. Кирил и Методи” с. Дабиле;

16. Предлог – Решение за  разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “ Гоце Делчев” с. Вељуса;

17. Предлог – Решение за  разрешување и именување претставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Маршал Тито” Муртино;

18. Предлог- Решение за  разрешување и именување претставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Даме Груев” Куклиш; и

19. Предлог –  Решение за  разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООМУ “ Боро Џони” Струмица.

Напомена: Предлози по точките од реден број 10 до реден број 19 може да се достават најдоцна до 02.05.2018 година до 14 часот, односно на  седницата Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.

Совет на општина Струмица 

Претседател, 

Maрјан Даскаловски