Согласно програмата за „крпење“ на ударни дупки за 2017 г., денес привршуваат работите за санација на ударни дупки на неколку делови од градот. Според информацијата од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, во текот на денешниот ден се изведуваат завршните работи за „крпење“ на ударните дупки во централното градско подрачје, и тоа на булеварот „Ленинова“, кружниот тек кој ги поврзува булеварот „Гоце Делчев“ и улуцата „Младинска„, кружниот тек кој ги поврзува улицата „Крушевска Република“ со улицата „Маршал Тито“, како и делници од улицата „Крушевска Република“