Градоначалникот Јаневски оствари средба со министерот Ахмедовски

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски. На средбата се разговараше за актуелната состојба на Ромите, а се разгледуваа и можностите за подобрување на нивните услови за живот преку заеднички активности на Владата на Република Македонија и општина Струмица, со вклучување на граѓанските организации кои работат на оваа проблематика.

Посебен акцент на средбата беше ставен на решавањето на инфраструктурните проблеми и станбеното прашање на ромското население. И Јаневски и Ахмедовски ја потврдија желбата за продолжување на соработката во имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.