Пред Споменикот на загинатите бранители на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска, беше одбележана 17-годишнината од загинувањето на најмладиот македонски бранител Кољо Китанов, учесник во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Покрај членовите на семејството, претставници на Секторот за внатрешни работи во Струмица, јавни институции, здруженија и граѓани, на одбележувањето присуствуваа и свежо цвеќе положија градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица.