На негова иницијатива, градоначалникот Коста Јаневски, денеска, одржа брифинг со новинарите од локалните и националните медиуми. На брифингот беа споделени информациите за работата на општина Струмица во првите шест месеци од оваа година. Со конкретни бројки и детални информации, Јаневски ја презентираше работата на сите одделенија, реализираните и проектите кои се во тек на реализација, а одговараше и на прашањата на новинарите за теми за кои тие покажаа посебен интерес. Новинарите ја поздравија оваа иницијатива на градоначалникот Јаневски и заедно се договорија за почести средби. Денешниот брифинг е уште една потврда за транспарентното и отчетното работење на општина Струмица.