Во прекрасна атмосфера синоќа во амфитеатарот во големиот градскиот парк беа доделени дипломите на учениците кои во учебната 2017/2018 година го завршија своето образование во средното општинско училиште „Никола Карев“. На свечениот чин на доделувањето на дипломите присуствуваа и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица.