ИЗВЕСТУВАЊЕ

Одделението за образование при општина Струмица ги известува родителите чии деца се запишани во прво одделение на основното образование, дека на првиот училишен ден (03.09.2018 година) во 09.00 часот првачињата ќе бидат прифатени во училиштата во општината од страна на нивните одделенски наставници. По завршувањето на првиот час, учениците и нивните родители се покануваат во Домот на АРМ, да присуствуваат на свечена програма со почеток во 10.00 часот .Учениците од основните училишта, од 6-то до 9-то одделение се на училиште прва смена од 7.30 часот, а учениците од 2-ро до 5-то одделение се втора смена од 13.30 часот. Учениците од 1-ва и 3-та година од средните училишта се прва смена од 7.30 часот, а втора смена се учениците од 2-ра и 4-та година од 13.30 часот.На учениците и наставниците им посакуваме успешна учебна 2018/19 година.