„Основните и средните општински училишта се подготвени за почетокот на новата учебна година“, изјави градоначалникот Коста Јаневски кој со своите соработници од областа на образованието, посети дел од училиштата и детално се информираше за состојбата во сите нив. Во понеделник започнува новата учебна 2018/2019 година. Како Градоначалник и Општина, на кои образованието им е меѓу стратешките приоритети, сакам да ве информирам дека сите основни и средни училишта се подготвени за стартот на новата учебна година.