Јаневски:11. Септември е јазол кој цврсто ги поврзува минатото, сегашноста и иднината

Општина Струмица, денеска, на Спомен костурницата над градот, ја одбележа 74-годишнината од нејзиното ослободување. За значењето на овој ден пред присутните зборуваше градоначалникот, Коста Јаневски, кој потенцираше дека не смее да се заборави Спомен костурницата, затоа што таа крие бројни приказни, кажани и недоискажани, приказни кои го откриваат богатиот историски мозаик за слободарскиот дух, вгнезден во душите на струмичките борци. Има ли поубаво нешто од сознанието дека  градот на нашето вчера, денес и утре, и градот кој го сакаме  неизмерно многу,  денес одбележува 74 години од својата прва слободарска мугра. Околу 27.000 такви мугри го делат оној 11. Септември 1944 година,  до денот денешен.