Во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ беше отворен филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. На овој најголем фестивал во светот посветен на младите, а кој по шести пат се одржува во Македонија, присуствуваа ученици од средните училишта и ученици од 7, 8 и 9 одделение од основните училишта. За отворен го прогласи градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.