Oпштина Струмица донесе Акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Советот на општина Струмица на денешната седница го усвои Акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Струмица. Според градоначалникот Коста Јаневски, овој план содржи краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки кои што ќе го подобрат амбиенталниот воздух, а во план е и донесување на петгодишен план кој ќе понуди и посериозни решенија за проблемот со загадувањето. Тој потенцираше дека според првите сознанија, а добиени врз основа на податоците од двете мерни станици, главната причина за загадувањето на воздухот е употребата на грејните тела во домаќинствата во зимските и месеците кога температурите се пониски.