Здружението на комунални инспектори на Република Македонија, денеска, во домот на АРМ го одржа своето годишно Собрание. Градоначалникот Коста Јаневски им посака добредојде во Струмица и ги охрабри во вршењето на нивните професионални обврски, нагласувајќи ја неговата и поддршката на општина Струмица.
Убеден сум дека, на ова Собрание ќе го направите вистинскиот избор на членовите на телата на Здружението и изборот за претседател, со што ќе ги зајакнете сопствените редови кое ќе ви помогне во остварувањето на вашата цел – подобрување на статусот на комуналните инспектори и ваше поактивно учество во носењето на законските решенија кои што ја регулираат областа во која што работите. Ви ја давам мојата поддршка и ве охрабрувам во вршењето на вашите работни обврски. Знам дека вашата професија е чувствителна и изложена на ризик, но бидете посветени и одговорни, затоа што само со такво однесување, сите заедно ќе го дадеме нашиот придонес во развојот на нашата заедница, особено во заштитата на животната средина, која што има непроценливо значење за нашето и здравјето на идните поколенија. Јас, како градоначалник и општина Струмица и понатаму ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите иницијативи и средби на кои што ја подобрувате меѓусебната комуникација, разменувате искуства и ги унапредувате вашите професионални ангажмани, рече градоначалникот Јаневски.