Се одржа втората сесија на Буџетскиот форум во општина Струмица 2018/2019 година

Во големата сала на домот на АРМ, се одржа втората форумска сесија од Буџетскиот форум во општина Струмица 2018/2019 година. На оваа сесија, градоначалникот Коста Јаневски, општинската администрација и граѓаните разговараа за остварените приходи во буџетот во 2018 година,  планирани приходи во буџетот во 2019 и планираните  расходи за  развојни програми за 2019 година, а се направи и избор на програми за дискусија на наредните сесии. Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината.