Градоначалникот Јаневски на Собири со граѓаните од Дабиле, Свидовица и Сачево

Градоначалникот Коста Јаневски со неговите соработници синоќа одржаа Собири со граѓаните од населените места Сачево, Дабиле и Свидовица. Се разговараше за животот во овие села и за потребите на граѓаните. Асфалтирање на улиците, тампонирање на селските патишта, чистење на одводните канали, подобрување на уличното осветлување, изградба на спортска сала во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ во Дабиле и адаптација на просторија за градинка, нови контејнери и редовно собирање на ѓубрето во Свидовица, фекална канализација и пензионерски дом во Сачево, пошта во Дабиле, поврзување на двете индустриски зони Свидовица – Сачево, се само дел од предлозите на граѓаните за буџетската 2019 година. Собирите со граѓаните ќе продолжат на 19 ноември во населените места Габрово, Банско и Муртино.