На ден 22.11.2018 година (четврток) од 12 до 14 часот во салата на Советот во домот на АРМ ќе се одржи работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица на која што ќе бидат презентирани владините економски политики „План за економски раст“. На средбата ќе учествуваат Зорица Апостолска – министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Коста Јаневски – градоначалник на општина Струмица, Бисера Јордановска – Фонд за иновации и технолошки развој и Ана Ѓоргиева – кабинет на министерката Апостолска. Средбата е отворена за сите заинтересирани од бизнис заедницата.