Претставници од основните училишта „Гоце Делчев“ од Вељуса и „Сандо Масев“ од Струмица, средното општинско училиште „Јане Сандански“ и од општина Струмица, учествуваа на отварањето на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ кој што го спроведува фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.
Општина Струмица е дел од општините кои учествуваат во проектните активности:градење капацитети на граѓанскиот сектор и локалните власти за планирање, собирање податоци и мониторинг и евалуација во однос на состојбата на лицата со попреченост со цел развивање на инклузивни локални заедници, градење на инклузивни средини за учење, подготвување на локален Акциски план за инклузија на лицата со пречки во развојот, обука и кариерно советување на ученици и млади со попреченост за вработување, развивање на модел на „Инклузивна општина“ и други активности. Овој проект се спроведува до 2020 година