Согласно годишниот план за генерално чистење на населените места и културно историските и верски објекти на територијата на општина Струмица за 2018 година, одделението „Комунална хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со генерално чистење на просторот околу комплексот цркви „Св. Леонтиј“ во населеното место Водоча. Според Бранко Горѓиев, раководител на „Комунална хигиена“, генералното чистење ќе продолжи на просторот околу црквата „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“.