Градоначалникот Коста Јаневски и неговите соработници синоќа одржаа средби со жителите на населените места Рич и Попчево. На средбите разговараа за проблемите кои што ги имаат и кои ќе може да се решат во буџетска 2019 година. Подобрување на уличното осветлување, асфалтирање и тампонирање на улици и патишта, санација на водоводната мрежа, филтер станица, резервоар за вода, да се средат игралиштата, да се реконструира старата амбуланта, беа дел од предлозите на граѓаните за подобрување на животот во нивните населени места. Собирите ќе продолжат утре (22.11.2018 година) во населените места Костурино, Раборци и Добрејци во 18, 19 и 20 часот.