Во библиотеката „Благој Јанков Мучето“, денеска, беа прогласени најдобрите творби по распишаниот конкурс посветен на заштитниците на градот „Св. 15 Тивериополски свештеномаченици“. Во сите три категории пристигнале вкупно 40 литературни творби. Во првата категорија – ученици од 6 до 9 одделение, првото место го освои Ивана Милева ученичка во 6 одделение од основното општинско училиште
„Видое Подгорец“, второто место му припадна на ученикот од 8 одделение Тиме Крстев од истото училиште, а третото место Дијана Георгиева, ученичка од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса. Во категоријата на средни училишта, првото место го освои Александра Атанасова од средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица, а во категоријата возрасни учесници првото место го освои Емилија Карафилоска од Охрид, второто Наташа Цоневска – Лазарева од Струмица, а третото Славица Цветкова од Кочани.