Почитувани сограѓани од христијанска вероисповед,
Во пресрет на празнувањето на Бадник и Божик, сакам најискрено да Ви посакам празниците да ги дочекате со радост во Вашите семејства и со топлина во Вашите домови, пронаоѓајќи ја вистинската смисла на постоењето и живеењето.Рождеството Христово како еден од двата најголеми празника во Христијанството, заслужува да го одбележиме со спомен на големиот настан кој се случил во Витлеемската пештера пред повеќе од два милениума, и да си спомнеме дека во раѓањето на Христа се наоѓаат никулците на нашата вера. Во чест на Исус Христос и за атер на нашите празнувања, време е да се погрижиме да го истиснеме злото од душите, за да му направиме место на доброто кое не прави луѓе во вистинската смисла на зборот. Да бидеме здрави, среќни и весели и со насмевка на лицата да го изговораме празничниот поздрав „Христос се роди“.
Честити, благословени и вековити нека Ви се Бадник и Божик.