Снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Струмица засега не предизвикуваат посериозни проблеми, освен на патниот правец кон населените места Попчево и Рич, каде што веднаш е активирана механизација за чистење на снегот од коловозот. Општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги информираат граѓаните дека ја следат состојбата со проодноста на улиците и патиштата и се е подготвено за навремено интервенирање.