По повод Денот на еколошката акција на младите 21 март, на иницијатива на ученичката заедница од училиштето „Маршал Тито“ од Струмица, беше реализирана МИМО активност со наслов „Оплеменување на училишниот двор со засадување на зимзелени дрвца и цвеќиња“. Оваа активноста е дел од планот за МИО активности во училиштето, за кој беше обезбеден грант од општина Струмица за негова реализација.
Општина Струмица е промотор на мултикултурното живеење и меѓуетничката интеграција во образованието и финансиски ги поддржува сите училишта во општината кои реализираат МИО активности. Во активноста беа вклучени учениците од ученичката заедница и членовите на еколошката секција, заедно со наставниците по биологија и природни науки.