Во 2018 година остварен е поголем процент на наплата од даноци

Во 2018 година од даноци и такси општина Струмица остварила вкупен приход од 81.427.070,00 денари што е за 10.23 проценти повеќе во однос на 2017 година. Од даноци се остварени вкупно 68.944.821,00 денари, а останатите 12.482.249,00 денари од наплатата на такси. Според информациите од одделението за администрирање на приходи, кај данокот на имот од физички и правни лица реализирана е вкупна наплата од 22.831.885,00 денари или 90,57 проценти.

Кај данокот на промет на недвижности остварена е наплата од 43.817.131,00 денари или 100 проценти, а стопроцентна наплата има и кај данокот на наследство и подарок со наплатени 2.195.805,00 денари. Во делот на комуналната такса (фирмарина) остварена е наплата од 10.386.761,00 денари или 58,93 проценти, а 2.095.488,00 денари се наплатени од други видови на такси (користење на простор, музика, плоштади).