Проектот за управување со сливот на река Струмица има за цел да воведе сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошкиот статус на водните тела и целокупното сливно подрачје. Во партнерство со локалните земјоделски производители, Проектот ќе спроведува активности за зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина, преку воведувањето на современи, агроеколошки мерки. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со поголем број партнери на локално и национално ниво.
Целосниот оглас може да го видите на следниов линк.
Пријава за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица, градинари – линк
Пријава за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во сливот на река Струмица, овоштари – линк