Комуналната инспекција врши вонредни контроли на фрлање и палење отпад на јавни површини

Во периодот од 19.03.2019 до 08.04.2019 година комуналната инспекција на општина Струмица вршеше вонредни инспекциски контроли на фрлање и палење на отпад на јавни површини. Контролите се вршеа во две смени во сите 7 денови од неделата, при што акцентот беше ставен на локации каде што има детектирано создавање на диви депонии.

Согласно законските надлежности од страна на овластениот комунален инспектор и комуналните редари, во 9 случаи биле затекнати прекршители кои вршеле фрлање и запалување на отпад, по што против истите се изречени осум прекршочни санкции со издавање на мандатен платен налог и една санкција со издавање на прекршочен патен налог. Во неколку случаи, а во соработка со МВР и ТППЕ Струмица  беше делувано превентивно, во поглед на гаснење на запален отпад, односно, спречување на ширење на пожари. Инспекциските контроли ќе се вршат континуирано и во наредниот период.