Се одржа осмата седница на ЛЕСС

Локалниот Економски Социјален Совет на општина Струмица, на ден 08.05.2019 во Домот на АРМ ја одржа осмата седница. Откако беше усвоен записникот од седмата седница, претседавачот на ЛЕСС, Тони Милушев ја презентираше улогата на ЛЕСС во имплементацијата на Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалот“ на Меѓународната организација на труд.

Се избра тим од 5 преставници и нивни заменици кои ќе учествуваат во втората компонента од проектот – Хоризонтален преглед на Локалните Економско Социјални Совети и се потврди апликацијата за интересот за Локално партнерство за вработување до МOT.