Ќе се реализираат нови инфраструктурни проекти во населените места

Општина Струмица и оваа година ќе го подобрува животот на граѓаните во населените места со реализација на нови инфраструктурни проекти. Преку апликации во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој обезбеди средства од програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2018 година во вкупен износ од 31 милион денари за реализација на проекти во областа на инфраструктурата.