Се интензивираат градежните активности

Градежните зафати во општина Струмица се одвиваат согласно планираната динамика за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, а усогласена со потребите на граѓаните. Деновиве заврши санацијата на армирано бетонски потпорни ѕидови на улицата „Стив Наумов“ и на улицата „Бетовенова“, односно, крак кон турските гробишта. Истовремено, се изврши и уредување на дворот на реконструираната детска градинка во населеното место Куклиш со бетонирање на пристапните патеки и бетонирање на платформа за поставување на трибина на фудбалското игралиште со вештачка трева.

Општина Струмица ги информира граѓаните дека со завршувањето на тендерските постапки за избор на изведувач, отстранувањето на проблемите кои што ги имаа производителите на асфалт и со подобрувањето на временските услови, деновиве започна санацијата на ударните дупки. Во планираните градежни активности во следниот период се асфалтирање на улици во градот и населените места, поплочување тротоари и тампонирање на локални патишта.