Решение за свикување дваесет и третата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица
Бр.08-3777/1, 22.05.2019 год.
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување дваесет и третата седница на Советот на Општина Струмица
Ја свикувам дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 29.05.2019 година(среда).
Дваесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од 22 седница на Советот на општина Струмица 

II
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Стратегијата за енергетска ефикасност на Општина Струмица (2019-2023 год.);
3. Предлог – Одлука за усвојување на Стратегијата за женско претприемништво на Општина Струмица со Акциски план (2019-2024);
4. Предлог – Одлука за обезбедување средства за одржување на Агрометеоролошки станици во рамки на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“;
5. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Томе Јанев од Струмица;
6. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Жаклина Џорлева од Струмица;
7. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ице Панов од Дабиле;
8. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници вработени во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2019 година;
9. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица;
10. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на објект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
11. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Струмица;
12. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 42 УЕ 5 – Општина Струмица, плански период 2014 – 2019;
13. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
14. Кватрален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2019 година;
15. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта“ за периодот 01.01.2019 до 31.03.2019 година;
16. Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ за првиот квартал, I –III месец 2019 година;
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 1275 КО Струмица;
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на градежно земјиште на КП 2186, дел од КП 2187 и КП 2351 КО Габрово;
19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 6731 КО Вељуса;
20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3703 КО Куклиш; и
21. Советнички прашања.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски