„Одлучен удар“ и во Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски во придружба на претставници на Советот на општина Струмица присуствуваше на цивилно- воената интеракција која се случи денес во струмичкиот градски парк (пред Домот на АРМ). На овој несекојдневен настан кој привлече големо внимание кај струмичани, беа прикажани воена опрема, средства и теренски возила од АРМ и НАТО. Изложбата се одржа по повод организирањето на заедничката вежбовна активност „Одлучен удар, на која учествуваат капацитети на вооружените сили на Република Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.